Pages

Sunday, October 21, 2012

Лифт


Го притиснав копчето. Лифтот почна да се движи. Надолу. Како што се движеше стануваше сѐ потемно. Бев сам. Лифтот одеше брзо. Ме нападна чудна тегоба. Наеднаш некој страв. Ладна пот ми го облеа челото. Од што се исплашив? Некој внатрешен немир? Прогон? Кој тоа ме прогонува си помислив?
Зошто не тргнав по проклетите скали?

Friday, May 25, 2012

Очи

Ја сретнав сосема неочекувано.
Ја погледнав право в очи.
Црнила извираа оттаму.
Многу, премногу.
Доволно за да покрие сѐ.

Thursday, March 1, 2012

Роман

Го пишував  својот роман. Потрошив многу на него. Бев испишал хартија со редови и редови, а со нив создавав ликови, испреплетени настани, многу филозофии и идеологии. Пишував со години, многу се исцрпив. Сакав да создадам нешто. Некое мое обележје. Ликови, многу ликови, секој од нив – посебно сиже. Го пишував со перо кое го макнував во мастило. Сакав романот да добие посебна автентичност. Сè беше како што мислев. Одеше по зацртаното, бликаше мојата креативност, чиниш извира и се чудиш самиот себеси, просто се изненадуваш. Сè до еден момент. Го турнав мастилото со лактот. Се истури врз испишаните хартии. Сè се избриша. Не остана  ништо. Ни еден лик, ни едно сиже. Се потопија од мастилото филозофиите и идеологиите. Посакав и мене да ме потопи проклетото мастило.

Monday, February 6, 2012

Надреден знак

Знам дека е зборувано и пишувано премногу, но, еве едно потсетување за сите што знаат, делумно знаат или воопшто не знаат за т.н. цртичка (одлево кон десно) која се става над одредени самогласки за да не дојде до забуна во однос на значењето.
  • сѐ – кога се претставува прилог за количество (Сѐ беше на свое место), за да се разликува од елементот се од повратните глаголи (тој се мие, се чешла).
  • ѝ – над кратката заменска форма за женски род ѝ (Ѝ реков нејзе да замине), за да се разликува од сврзникот и (ти и јас; влезе и ѝ рече).
  • нѐ – над самогласката е во кратката заменска форма нѐ (Нѐ прашуваа сешто), за да се разликува од негацијата не (не сакам, не прашувај ме).


Во печатот понекогаш се става надредниот знак и над кратката лична заменска форма за прво лице множина нѝ (нѝ рече нам) за да се разликувала од сврзникот ни (ни тој ни јас). Тоа не е дозволено, зашто никогаш не доаѓа до двосмисленост.


Friday, January 6, 2012

И јас сум патриот

Кога?
  • На свадби и други свечености го веам знамето со територијалните претензии
  • На терасата постојано ми се вее старото знаме
  • Не одам во Грција
  • Сите што одат во Грција ги викам „грчки кодоши“
  • Не јадам грчка алва
  • Не пазарам во „Веро“
  • Летниот одмор ми е исклучиво по села и планини во Македонија
  • Давам АМИН  за сѐ што ќе каже или направи владата
  • Секој ден јадам бурек со Јанко
  • Во петок се билдам патриотски кај Миленко
  • Го слушам гласот на народот македонски кај Томиќ
  • Децата ќе си ги крстам Александар(Александра), Филип, Гоце, Даме ...
  • Опозицијата ја сметам за немакедонска
  • Сите критичари на власта ги нарекувам: предавници, немакедонци, ...
  • Европејците ги нарекувам педери
  • Гласам за 24/7 реформите на Николче и другарчињата
....
(се дополнува)
Tweet