Pages

Showing posts with label парчиња творештво. Show all posts
Showing posts with label парчиња творештво. Show all posts

Sunday, October 21, 2012

Лифт


Го притиснав копчето. Лифтот почна да се движи. Надолу. Како што се движеше стануваше сѐ потемно. Бев сам. Лифтот одеше брзо. Ме нападна чудна тегоба. Наеднаш некој страв. Ладна пот ми го облеа челото. Од што се исплашив? Некој внатрешен немир? Прогон? Кој тоа ме прогонува си помислив?
Зошто не тргнав по проклетите скали?

Friday, May 25, 2012

Очи

Ја сретнав сосема неочекувано.
Ја погледнав право в очи.
Црнила извираа оттаму.
Многу, премногу.
Доволно за да покрие сѐ.

Thursday, March 1, 2012

Роман

Го пишував  својот роман. Потрошив многу на него. Бев испишал хартија со редови и редови, а со нив создавав ликови, испреплетени настани, многу филозофии и идеологии. Пишував со години, многу се исцрпив. Сакав да создадам нешто. Некое мое обележје. Ликови, многу ликови, секој од нив – посебно сиже. Го пишував со перо кое го макнував во мастило. Сакав романот да добие посебна автентичност. Сè беше како што мислев. Одеше по зацртаното, бликаше мојата креативност, чиниш извира и се чудиш самиот себеси, просто се изненадуваш. Сè до еден момент. Го турнав мастилото со лактот. Се истури врз испишаните хартии. Сè се избриша. Не остана  ништо. Ни еден лик, ни едно сиже. Се потопија од мастилото филозофиите и идеологиите. Посакав и мене да ме потопи проклетото мастило.
Tweet