Pages

Thursday, March 1, 2012

Роман

Го пишував  својот роман. Потрошив многу на него. Бев испишал хартија со редови и редови, а со нив создавав ликови, испреплетени настани, многу филозофии и идеологии. Пишував со години, многу се исцрпив. Сакав да создадам нешто. Некое мое обележје. Ликови, многу ликови, секој од нив – посебно сиже. Го пишував со перо кое го макнував во мастило. Сакав романот да добие посебна автентичност. Сè беше како што мислев. Одеше по зацртаното, бликаше мојата креативност, чиниш извира и се чудиш самиот себеси, просто се изненадуваш. Сè до еден момент. Го турнав мастилото со лактот. Се истури врз испишаните хартии. Сè се избриша. Не остана  ништо. Ни еден лик, ни едно сиже. Се потопија од мастилото филозофиите и идеологиите. Посакав и мене да ме потопи проклетото мастило.
Tweet